• вторник, 14 април 2026

Кривична пријава за дебранец за насилство врз дете

Кривична пријава за дебранец за насилство врз дете

Дебар, 24 март 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Дебар, поднесе кривична пријава против дебранец, кој со тврд предмет физички нападна малолетник во Дебар.

-Кривична пријава е поднесена против  У.Б (58) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, што се случи на 10 овој месец. Пријавениот физички нападнал малолетник од Дебар, употребувајќи и тврд предмет, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според истиот извор У.Б. малолетникот го нападнал на улица „Фуат Дибра“ по што во координација со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него е поднесена кривична пријава.

Ова е прв случај на напад на малолетно лице од страна на возрасен сограѓанин во Дебар. Инцидентот се случил на поранешната улица „ 1 Мај“ која е над строгиот центар на градот. вт/

Фото: МИА

Тагови

Остани поврзан