• сабота, 11 мај 2024

Инзаги за титулата во Серија „А“: Во фудбалот ништо не е сигурно, ни претстои уште долг пат

Инзаги за титулата во Серија „А“: Во фудбалот ништо не е сигурно, ни претстои уште долг пат

Милано, 17 февруари 2024 (МИА) - Интер вчера забележа нова победа во Серија „А“ откако во 25. коло на домашен терен ја совлада Салернитана со 4:0.

„Нероазурите“ направија уште еден чекор кон Скудетото, откако веќе водат со дури 10 разлика пред вториот Јувентус.

Сепак, тренерот Симоне Инзаги не брза со предвидувања и предупреди дека ништо не е сигурно во фудбалот.

-Во фудбалот ништо не е сигурно и мораме да останеме фокусирани. Како играч го освоив Скудетото кога изгледаше загубено, а потоа го изгубив кога изгледаше освоено. Во фудбалот сум долго време и знам дека ни претстои уште долг пат. Размислуваме натпревар по натпревар, како што тоа го правевме минатата сезона. Нашата цел е да стигнеме до крајот на секој турнир, но мора да бидеме внимателни бидејќи Јувентус и Милан нема да се предадат до самиот крај, изјави италијанскиот тренер по мечот.дс

Фото: Фејсбук/Интер

Остани поврзан