• сабота, 06 јули 2024

Нов настап на Ѓорческа на Ролан Гарос

Нов настап на Ѓорческа на Ролан Гарос

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов настап на еден од четирите Грен слем турнири. Таа од 20 мај ќе биде дел од квалификациите на Грен слемот Ролан Гарос. 

Ова за најуспешната македонска тенисерка ќе биде второ учество на престижниот турнир во Париз. Првпат настапи во 2017 година.

Ѓорческа која се наоѓа во одлична форма покажа и со добрите игри изминативе недели и настапите на Челинџер турнирот во Леида (Шпанија) и на ИТФ турнирите во Копер (Словеија) и Трнава (Словачка). Победите и добрите игри воедно се дел од еден успешен циклус, во која македонската тенисерка имаше и одлични настапи како дел од репрезентацијата на натпреварувањето во Били Џин Кинг Купот во Литванија.

За Ѓорческа ова ќе биде осмо учество во квалификациите на Грен Слем турнир, а оваа година второ по настапот на Австралија Опен во Мелбурн. Најмногу настапи има на УС Опен во Њујорк. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан