• сабота, 13 јули 2024

Инзаги за продолжување на договорот со Интер: Се чувствувам како дома

Инзаги за продолжување на договорот со Интер: Се чувствувам како дома

Милано, 13 јули 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше продолжувањето на договорот со миланскиот клуб.

- Јас сум возбуден. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на клубот. Се чувствувам како дома. Оваа година наша цел е да ги израдуваме навивачите по освојувањето на втората ѕвезда. За време на мојот одмор запознав многу навивачи на клубот кои ми се заблагодарија - беше многу убаво. Сакаме да го повториме она што го направивме минатата сезона, изјави Инзаги за клупскиот сајт Интер.

Договорот на 48-годишниот специјалист со „неро-азурите“ е до летото 2026 година.

Инзаги го води тимот од Милано од 2021 година. Под негово водство, Интер стана шампион на Италија во сезоната 2023/24, два пати го освои Купот на Италија и три пати Суперкупот на земјата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан