• недела, 14 јули 2024

Крејчикова ја победи Паолини и го освои Вимблдон

Крејчикова ја победи Паолини и го освои Вимблдон

Лондон, 13 јули 2024 (МИА) - Чешката тенисерка Барбора Крејчикова попладнево во финалето на Вимблдон ја победи Италијанката Јасмин Паолини со 6:2, 2:6 и 6:4.

Мечот траеше 1 час и 58 минути. 

Дваесет и осумгодишната Крејчикова сервираше шест асови, направи четири грешки на вториот сервис и реализира три брејк топки од седум шанси.

Исто така 28-годишната Паолини имаше три директни поени од сервис, направи две двојна грешка и реализира две брејк топки од шест.

За Крејчикова ова е прва титула во 2024 година и втора победа на Грен слем турнир во кариерата. Вкупно има 8 победи на ВТА турнирите во сингл. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан