• петок, 10 мај 2024

Инзаги ги пофали фудбалерите на Интер за победата против Лацио

Инзаги ги пофали фудбалерите на Интер за победата против Лацио

Рим, 18 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги искажа пофални зборови за своите избраници по синоќешната победа над Лацио.

Интер забележа победа со 2:0 на гостувањето во Рим на натпреварот од 16. коло од Серија А.

-Беше убаво да се гледа настапот на тимот. Победивме на стадион каде што е тешко да се игра. Засега сè ни оди добро, но поминаа само четири месеци. Интер е на првото место на табелата и треба да продолжиме вака, изјави Инзаги за италијанските медиуми.

По овој натпревар, Интер е на првото место во поредокот со 41 бод, четири повеќе во однос на Јувентус кој е на второто место. Лацио е на 11. место со 21 бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан