• недела, 22 декември 2024

Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли

Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли

 

Мадрид, 9 мај 2024 (МИА) – Финалистите во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе добијат по 25.000 билети за финалниот натпревар во Лондон, објави денеска шпанското радио „Кадена Копе“.

Според истиот извор, Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе пушти во продажба 10.000 билети преку својата официјална веб-страница, а 26.600 ќе им бидат достапни на спонзорите и другите партнери на УЕФА.

Цените на билетите ќе се движат од 70 до 710 евра.

Големото финале во најпрестижното европско клупско фудбалско натпреварување ќе се одигра на 1 јуни на лондонски „Вембли“. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан