• петок, 17 мај 2024

Индонезија: Голем пожар избувна во воен комплекс во Западна Јава

Индонезија: Голем пожар избувна во воен комплекс во Западна Јава

Џакарта, 30 март 2024 (МИА) - Голем пожар избувна денеска во индонезискиот воен комплекс, а локалните медиуми јавуваат за експлозии кои одекнале во таа област на Западна Јава.

Весникот „Детик“ пренесува дека засега нема информации за последиците од пожарот, а армијата води истрага на терен.

Локалните медиуми јавуваат и дека воените сили со помош на надлежните агенции ги евакуираат жителите во областа и ги преместуваат на побезбедни места.

„Ја проверивме локацијата, периметарот, нема жртви“, изјави воениот претставник Мохамед Хасан на прес-конференција во близина на локацијата во Богор, на периферијата на Џакарта.
„Муницијата со истечен рок содржи хемикалии кои можат да бидат нестабилни... Можеби имало некои триење што го предизвикаа пожарот“, рече тој.

Армискиот функционер Кристомеи Сиантури рече дека властите почнале да го гаснат пожарот неколку часа по неговото разгорување.

Комплексот погоден од пожарот припаѓа на регионалната воена команда на Џајакарта (Кодам Џајакарта), која ја покрива областа на главниот град на Индонезија, Џакарта. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан