• вторник, 14 април 2026

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк

Вашингтон, 23 март 2026 (МИА) – Пилотот и копилотот на авионот на „Ер Канада експрес“ загинаа, откако леталото при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк се судри со противпожарно возило. Во инцидентот повредени се десетици лица.

Со противпожарното возило управувале полицајци. Според американските медиуми, во инцидентот со фрактури се здобиле наредник и полицаец. Тие се примени во болница и се во стабилна состојба.

Со авионот ЦРЈ-900, што полета од Монтреал, се превезувале 72 патници и четворица членови на екипажот.

Авионот удрил во противпожарното возило со брзина од 39 километри на час.

Поради инцидентот американската Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) ги приземји сите авиони на аеродромот во Њујорк. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан