• четврток, 04 јули 2024

Илјадници лица во Газа протестирааа против власта на Хамас

Илјадници лица во Газа протестирааа против власта на Хамас

Газа, 31 јули 2023 (МИА) - Илјадници лица вчера кратко време протестираа на улиците низ Појасот Газа поради хроничните прекини на струја и тешките услови за живеење, што е ретка демонстрација на незадоволство од движењето Хамас кое владее со оваа палестинска територија.

Безбедносните сили на Хамас брзо ги растераа собирите.

Протесни маршеви се одржаа во градот Газа, јужниот град Кан Јунис и на други места, извикувајќи „Срам да ви е!“, а на едно место беа запалени знамињата на Хамас.

Полицијата ги уништи мобилните телефони на луѓето кои снимаа во Кан Јунис, а очевидци изјавија дека имало неколку апсења. Десетици млади поддржувачи и противници на Хамас кратко време меѓусебно се гаѓаа со камења.

Демонстрациите ги организираше локално онлајн движење, но засега не се знае чие е.

Хамас владее со Газа со цврста рака, забранувајќи ги повеќето демонстрации и брзо сузбивајќи го јавното изразување на несогласување од неговото владеење.

Исламската милитантна група ја презеде контролата врз Газа од силите на палестинскиот претседател Махмуд Абас во 2007 година, што ги натера Израел и Египет да воведат парализирачка блокада на територијата. Израел вели дека затворањето е неопходно за да се спречи Хамас, кој не го признава правото на Израел да постои, да изгради воени капацитети.

Затворањето ја уништи економијата на Газа, што доведе до вртоглаво зголемување на невработеноста и чести прекини на електричната енергија. Сега, за време на топлотниот бран, луѓето имаат струја од четири до шест часа дневно поради големата побарувачка.

„Каде е струјата, а каде плинот? Срам да ви е! извикуваше толпата во Кан Јунис.

Демонстрантите, исто така, го критикуваа Хамас дека земал околу 15 долари од месечните грантови од 100 долари што богатата заливска држава Катар им ги дава на најсиромашните семејства во Газа. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан