• недела, 22 декември 2024

Марин Ле Пен: Ние сме единствените кои можат да и понудат перспектива на Франција

Марин Ле Пен: Ние сме единствените кои можат да и понудат перспектива на Франција

Париз, 4 јули 2024 (МИА) - Лидерката на француската десничарска партија „Национален собир“ (РН), Марин Ле Пен, изјави дека е „многу уверена“ во способноста на партијата да освои апсолутно мнозинство во вториот круг на парламентарни избори, и дека тоа е услов за РН да формира влада.

-Не можеме да владееме ако немаме апсолутно мнозинство. РН нема да преговара за формирање коалиции. Единствената партија која може да има апсолутно мнозинство е РН. Ние сме единствените кои можеме да понудиме перспектива за Франција, изјави таа за TF1.

Во врска со најавеното повлекување на околу 200 кандидати од левиот и десниот центар од вториот круг за да се спречи формирањето влада на „Националниот собир“, Ле Пен рече дека е „одвратно да се мисли дека гласачите може да се манипулираат како да се деца“.

-На Французите им е доста од тоа да не бидат третирани како одговорни возрасни лица. Тие се совршено способни сами да знаат што е добро за земјата. Французите имаат вистинска желба за промени, тие ја изразија таа желба во текот на првиот круг, рече лидерката на РН.

Таа се огради од поддршката што руското Министерство за надворешни работи денеска и ја даде на надворешната политика што ја промовира РН.

-Апсолутно не се чувствувам одговорна за руските провокации против Франција и Емануел Макрон. Бевме исклучително јасни, ќе ја задржиме нашата поддршка за Украина. Јасно ставивме до знаење кои се нашите граници, особено кога станува збор за испраќање војници на украинска територија , рече Ле Пен.

 Вториот круг од парламентарните избори во Франција ќе се одржи в недела, на 7 јули. сд/

Остани поврзан