• недела, 22 декември 2024

Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам

Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам

Вашингтон, 4 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и нагласи дека е подготвен да победи во ноември.

-Дозволете ми да го кажам ова што е можно појасно: се кандидирам, никој не ме тера. Не заминувам. Во оваа трка сум до крајот и ќе победиме, рече претседателот, пренесен од американските медиуми.

Како што беше најавено претходно, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во САД.

-Претседателот отсекогаш ни го чувач грбот. Ќе го чуваме и ние неговиот, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур, по состанокот со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на кој присуствуваа 24 демократски гувернери.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека сите гувернери ветиле поддршка за Бајден.

-Претседателот учествува во трката за да победи, истакна таа.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан