• петок, 23 август 2024

Илјадници Индонезијци се обиделе да упаднат во Парламентот поради измени во изборниот законик

Илјадници Индонезијци се обиделе да упаднат во Парламентот поради измени во изборниот законик

Џакарта, 22 август 2024 (МИА) - Илјадници демонстранти денеска се обидоа да упаднат во индонезискиот Парламент, незадоволни од најавените измени на изборните закони.

Тие урнаа дел од оградата, ја гаѓаа полицијата со камења, принудувајќи ги пратениците да го одложат гласањето за контроверзните измени на изборните закони кои би можеле дополнително да го зајакнат политичкото влијание на претседателот во заминување Јоко Видодо.

Некои демонстранти држеа големи транспаренти, додека други запалија огнови и гуми. Парламентот требаше да се состане на итна седница за да поништи една одлука на Уставниот суд на земјата за изборната процедура, а да измени друга.

Уставниот суд завчера ја укина старосната граница која ги оневозможува младите од 30 години да се кандидираат за регионални гувернери, што би го спречило 29-годишниот најмлад син на Видодо, Каесанг Пангареп, да се кандидира на регионалните избори во Централна Јава.

Собранието вчера го усвои итниот предлог за промена на минималната старосна граница за вршење на функцијата гувернер на 30 години, а гласањето беше планирано да се одржи на денешната седница. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан