Русија: Потопен е брод што превезувал гориво
- Пожар денеска избувна во пристаништето Кавказ во јужна Русија, откако Украина гаѓаше брод што превезувал гориво, соопштија локалните власти.

Краснодар, 22 август 2024 (МИА) – Пожар денеска избувна во пристаништето Кавказ во јужна Русија, откако Украина гаѓаше брод што превезувал гориво, соопштија локалните власти.
Бродот претрпел големи оштетувања и на крајот потонал, а на местото е испратен и воз за гасење пожари, пренесе Бета повикувајќи се на Радио Слободна Европа.
Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 луѓе.
Локалните власти го осудија нападот. јт/
Фото: Х скриншот