Привремената влада на Бангладеш и го поништи дипломатскиот пасош на поранешната, соборена премиерка
- Министерството за внатрешни работи на Бангладеш соопшти дека пасошите на Шеик Хасина, како и на министрите во нејзината влада и пратениците од нејзината партија, ќе бидат „поништени“.

Дака, 22 август 2024 (МИА) – Привремената влада на Бангладеш денеска и го поништи дипломатскиот пасош на поранешната премиерка Шеик Хасина.
Таа беше соборена од власт по крвавите протести и побегна во Индија.
Министерството за внатрешни работи на Бангладеш соопшти дека пасошите на Шеик Хасина, како и на министрите во нејзината влада и пратениците од нејзината партија, ќе бидат „поништени“. јт/