• понеделник, 23 декември 2024

Иличиќ трет фудбалер во ЛШ со 5+ голови во двомечот од плејофот

Иличиќ трет фудбалер во ЛШ со 5+ голови во двомечот од плејофот
Валенсија, 11 март 2020 (МИА) – Фудбалерот на Аталанта, Јосип Иличиќ се запиша во историјата на Лигата на шампионите откако постигна пет гола на два натпревара од осминафиналето со Валенсија. Триесет и двегодишниот словенечки репрезентативец стана само третиот играч во историјата на елитното натпреварување по Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои успеаја да постигнат најмалку пет гола во двомеч од плејофот. Меси има постигнато шест гола на натпреварите со Баер Леверкузен во сезоната 2011/12, а Роналдо постигна пет  со Баерн Минхен сезоната 2016/17. Аталанта синоќа победи на гостувањето кај Валенсија со 4:3 и со вкупни 8:4 се пласира во четвртфиналето. зс/

Остани поврзан