• петок, 17 мај 2024

Илиевски: Проекти за „Октомвриска револуција“, за модерно Куманово

Илиевски: Проекти за „Октомвриска револуција“, за модерно Куманово
Куманово, 21 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски денеска на средба со граѓаните од „Октомвриска револуција“ вети, хортикултурно уредување на повеќе локации на булеварот, мултифункционални игралишта, детски катчиња. На средба со жителите од станбени единици во близина на реката Кумановка, кажа дека оваа локација ќе биде искористена за садење на висококвалитетни садници. - Вклучително и на местата на неплански поставените столпчиња по булеварот „Октомвриска револуција“. Да засадиме дрвја наместо столпчиња, најави Илиевски. На станарите им недостасуваат места за одмор и рекреација, затоа кажа Илиевски за возрасните и младите преку „Мој еколог“ ќе се уреди локацијата „Ореов лад“, ќе се гради детско катче, ќе се уредат запуштените површини. Во следниот период, рече ќе се огради и целосно ќе се уреди стариот градски парк со детски реквизити. Тој најави дека значајно место во програмата зазема реконструкцијата на градскиот стадион, кој целосно ќе се реконструира, со три трибини и ќе се врати сјајот на овој објект, а Куманово ќе се врати на фудбалската мапа. - На Куманово не му е потребно незаконско поставување билборди за реклама, па така како столпчињата на „Октомвриска“ и дупките кои ги гледаме изминатиов период, предвидени токму за билборди ќе бидат пренаменети за засадување дрвја и уредување на пешачка и велосипедска патека, рече Илиевски. Тој најави и изградба на современ кеј од влезот на Куманово сè до хотел „Ку-ба“ од каде ќе биде продолжена пешачката патека до вливот на Кумановка во Пчиња. За чист и зелен град, тој најави изградба на адреналински и вело парк за младите. Илиевски најави изградба и на парк за миленици. Тој најави дека ќе се ослободат постоечките и ќе се изградат нови пешачки зони, нови паркови, дека нема веќе да има паркирани автомобили, со зелени површини, амфитеатар на кеј, нова урбана опрема, овој дел од градот ќе добие современ лик. - Да продолжиме со проекти за унапредување и модернизација на градот, за зелен, чист, урбан и европски град, за Куманово, порача Илиевски. ам/вг/

Остани поврзан