• среда, 15 мај 2024

Изјава на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева

Изјава на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева

20 јуни 2023 

Ковачевски неспособен да го реши проблемот со вработените во Царинската управа и Управата за јавни приходи, преку изјави во јавноста им се заканува на вработените. Ковачевски замислете вели ќе чекал резултати од проверката на имотна состојба на вработените, бидејќи сметал дека платите треба да се услогласат со имотот.

И сето ова немаше да звучи несоодветно доколу го кажуваше премиер кој вистински и прво за самиот себе го применуваше тоа што го бара од другите. Испитување на потеклото на имотот на вработените треба да се случи во сите органи на државната управа, во судството и обвинителството, но пред се, премиерот е тој кој што треба да покаже личен пример.

Дали ако го погледнеме анкетниот лист на Ковачевски, може да заклучиме дека неговата плата треба да се намали и за колку?

Додека јавноста чека одговори за безбројните скандали поврзани со власта на СДС и ДУИ, како Ковачевски и функционерите стекнаа толкав голем имот и ги проширија своите бизниси од позиција на власт, Ковачевски ги напаѓа вработените и бара проверка на нивниот имот.

Во недостиг на храброст да се поведе постапка за проверка на имот на политичарите, со цел да не се покаже пред јавноста како во Македонија функционерите од власта на ДУИ и СДС повеќекратно имаат зголем имот и банкарски сметки за време на нивното владеење, реперкусиите ги чувствуваат вработените. Додека инфлацијата го јаде животниот стандард, додека во Македонија се живее на работ на сиромаштијата, Ковачевски со ваквите изјави како да има цел да ги предомисли вработените од протести преку кои си ги бараат своите права кои воедно ги заслужуваат.

Иако секој релевантен извештај и секоја една ревизија на институциите се соочува со негативно мислење, каде детектирани се бројни злоупотреби и прекршувања на законите, власта одбегнува да поведе постапка пред се за одговорност, а потоа и за проверка на имотот.

Ваквиот начин на самоволие и деградирање кое го презентира власта е резултат на нивната паника и страв дека за многу брзо од денес ќе се соочат со реалноста, а тоа е пораз, а потоа и одговорност.

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан