• петок, 22 ноември 2024

Израел ќе ја прошири „хуманитарната зона“ во Газа пред копнениот напад врз Рафа

Израел ќе ја прошири „хуманитарната зона“ во Газа пред копнениот напад врз Рафа

Тел Авив, 22 април 2024 (МИА) - Израел се подготвува да ја прошири „хуманитарната зона“ за палестинските цивили пред планираната копнена офанзива во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми.

Според израелското радио Амри, „хуманитарната зона“ ќе се протега од јужниот град Ал-Маваси долж крајбрежниот појас до предградието Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа. „Хуманитарната зона ќе прими околу еден милион луѓе“, објави радиото.

Медиумот информира дека во околината се изградени пет импровизирани болници, покрај здравствените установи кои веќе работат.

И покрај глобалното противење, Израел ги одобри плановите за копнена офанзива во Рафа, каде што повеќе од 1,5 милиони луѓе се засолнија  од израелските напади врз Појасот Газа, во кои досега загинаа 34.151 Палестинец. ссм/

фото: архива

Остани поврзан