• понеделник, 23 декември 2024

Израел тврди дека не планира нови населби на спорниот Западен брег

Израел тврди дека не планира нови населби на спорниот Западен брег

Тел Авив, 22 март 2023 (МИА) - Израел денеска се обиде да ја смири загриженоста на Западот во врска со промената на законот што го забранување населувањето на подрачјата  што беа евакуирани во 2005 година, објавувајќи дека не планира да гради нови населби во тоа подрачје.

Кнесетот вчера укина делови од тој закон што во пракса може да да им овозможи на Израелците да се вратат во четирите евакуирани населби на северот на Западниот Брег, со потребното одобрение од армијата.

Тој чин беше дочекан со протести од страна на Палестинците кои сакаат да ја основаат својата идна држава на Западниот Брег, како и со критики од западните сили кои внимателно го следат влијанието на екстремно десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху врз долготрајните преговори.

Неговиот кабинет денеска соопшти дека гласањето во Кнесетот по долго време „го прекина дискриминаторскиот и понижувачки закон што на Евреите им забранува да живеат во областите на северна Самарија“, што е дел од историската татковина.

„Владата нема намера да основа нови заедници во овие области“, се додава од кабинетот на Нетанјаху.

Поголемиот дел од меѓународната заедница ги смета овие населби за нелегални бидејќи се наоѓаат на земјиште што Израел го освои во војната во 1967 година. сд/

Остани поврзан