• петок, 22 ноември 2024

Израел се договори со Катар за доставување лекови до заложниците во Газа

Израел се договори со Катар за доставување лекови до заложниците во Газа

Тел Авив, 13 јануари 2024 (МИА) - Израел постигна договор со Катар за снабдување со лекови на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Заложниците ќе го добијат лекот во „следните неколку дена“, соопштија од канцеларијата.

Повеќе од 100 заложници се уште се во Газа откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 и киднапирајќи 240 луѓе.

Во обид да го елиминира Хамас, Израел оттогаш спроведува воена операција во оваа палестинска енклава.

Договорот постигнат со посредство на Катар и САД во ноември резултираше со краткотрајна пауза во непријателствата, за време на која беа ослободени речиси половина од заложниците, во замена за ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори, како и зголемување на испораката на хуманитарна помош до Газа.

Семејствата на заложниците, од кои многумина се постари и имаат хронични заболувања за кои е потребно секојдневно лекување, побараа од Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги посети нивните роднини за да им се достават лекови и да ја проверат нивната состојба.

Црвениот крст соопшти дека Хамас ја одбил оваа иницијатива. сд/

Остани поврзан