Израел претвори околу 30 отсто од Појасот Газа во тампон-зона во која Палестинците не можат да живеат
- Израелската армија денеска соопшти дека трансформирала околу 30 отсто од Појасот Газа во „безбедносен периметар“.

Ерусалим, 16 април 2025 (МИА) – Израелската армија денеска соопшти дека трансформирала околу 30 отсто од Појасот Газа во „безбедносен периметар“.
Тоа е тампон-зона во која не може да живее палестинско население.
Во соопштението, армијата информира дека погодила околу 1.200 „терористички цели“ од воздух и извршила повеќе од 100 „целни убиства“ откако ја продолжи офанзивата на палестинска територија на 18 март, по двомесечен прекин на огнот. јт/
Фото: МИА архива