• понеделник, 23 декември 2024

Израел одобри зголемување на дневната количина гориво што може да влезе во Газа

Израел одобри зголемување на дневната количина гориво што може да влезе во Газа

Тел Авив, 7 декември 2023 (МИА) - Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека е одобрено зголемување на дневната количина гориво што може да влезе во Појасот Газа.

Во соопштението не се наведува колку ќе биде зголемена испораката, туку само дека одобрениот „минимален износ потребен за да се спречи хуманитарен колапс и избивање епидемии во Појасот Газа“, пренесува Тајмс оф Израел.

„Овој минимален износ ќе се одредува од време на време од воениот кабинет, во согласност со стапката на заразеност и хуманитарните услови во Појасот Газа“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Израелските медиуми јавуваат дека САД побарале дневната испорака од 60.000 литри да се зголеми двојно или тројно. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан