• недела, 29 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израел: Неодамна убиени 11 палестински терористи кои го нападнаа Израел на 7 октомври

Израел: Неодамна убиени 11 палестински терористи кои го нападнаа Израел на 7 октомври

Тел Авив, 11 април 2025 (МИА) – Израелската армија и разузнавачката агенција Шин Бет објавија дека 11 палестински терористи кои учествувале во нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, биле убиени во неодамнешните воздушни напади во Појасот Газа.

Војската соопшти дека девет терористи биле убиени во првичните воздушни напади на Појасот Газа на 18 март кога продолжи офанзивата против палестинската милитантна група Хамас.

Според Тајмс оф Израел, двајца терористи биле убиени во напади пред 18 март. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан