• четврток, 26 март 2026

Израел: Војната во Газа може да заврши ако „Хамас“ се разоружа и ги ослободи заложниците

Израел: Војната во Газа може да заврши ако „Хамас“ се разоружа и ги ослободи заложниците

Тел Авив, 7 септември 2025 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар денеска изјави дека војната во Појасот Газа може да заврши доколку бидат ослободени заложниците и ако палестинското движење „Хамас“ го положи оружјето.

Саар ова го изјави на заедничка прес-конференција во Ерусалим со данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен.

Изјавата доаѓа еден ден откако „Хамас“ повтори дека ќе ги ослободи сите заложници само доколку Израел се согласи да ја запре војната и да ги повлече војниците од градот Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан