• петок, 05 декември 2025

Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран

Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран

Техеран, 14 јуни 2025 (МИА) – Пожар избувна на гасното поле Јужен Парс во Иран, најголемото природно гасно поле во светот, објавија иранските државни медиуми.

Видеоснимки што циркулираат на социјалните мрежи, геолоцирани од Си-Ен-Ен, покажуваат голем пожар и облаци чад што се издигаат од гасното поле во јужната провинција Бушехр.

Според извештаите на иранските државни медиуми, нафтеното поле било погодено од израелски напад со дрон. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан