• петок, 23 август 2024

Уапсени четворица еврејски доселеници поради злосторства на Западниот Брег

Уапсени четворица еврејски доселеници поради злосторства на Западниот Брег

Ерусалим, 22 август 2024 (МИА) - Израелските власти денеска соопштија дека уапсиле четворица еврејски доселеници, од кои еден е малолетник, осомничени за учество во злосторства овој месец во палестинското село Џит на Западниот Брег, при што еден Палестинец е убиен, а ранети се неколкумина.

Уапсените беа осомничени за „неколку терористички акти против Палестинците“, вклучувајќи го и нападот на 15 август на селото Џит на северниот дел на Западниот Брег.

Жителите на селото изјавија дека најмалку стотина маскирани доселеници влегле во селото, дека пукале кон Палестинците, запалиле куќи и возила и оштетиле резервоари за вода.

На видео снимките се гледа како пламенот го зафатил малото село, за кое жителите велат дека е оставено само на себе и дека војската не му помогнала два часа.

Израелските лидери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, го осудија смртоносното дивеење на доселениците, нешто што ретко го прават. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан