• петок, 17 мај 2024

Израелска војска: Откриен влез во тунел на Хамас под Универзитетот Ел Азхар

Израелска војска: Откриен влез во тунел на Хамас под Универзитетот Ел Азхар

Тел Авив, 8 декември 2023 (МИА) - Израелската војска соопшти дека нејзините војници „уништиле згради со инфраструктура на Хамас во Универзитетот Ал Азхар во градот Газа“.

Според извештаите, во универзитетскиот кампус војниците пронашле влез во тунел што води до училиште, оддалечено околу еден километар.

Силите нашле експлозивни направи, ракетни делови, фрлачи и друга опрема во областа.

Исто така, резервисти на 14-та оклопна бригада извршија рација на набљудувачката станица на Хамас во областа Шати, пренесува Тајмс оф Израел.

ИДФ тврди дека војниците пронашле 200 рачни радија, десетици камери, како и тунел и оружје. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан