• петок, 05 декември 2025

Израелската војска издаде нови наредби за евакуација во Појасот Газа

Израелската војска издаде нови наредби за евакуација во Појасот Газа

Газа, 8 јули 2025 (МИА) – Израелската војска денеска издаде нови наредби за евакуација на илјадници Палестинци во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, принудувајќи ги да бегаат на запад додека борбите продолжуваат.

Подрачјето за евакуација опфаќа главни станбени зони и хуманитарни центри, како што се болницата Насер, бегалски камп и околината на една црква, пренесува палестинската агенција Вафа.

Израелската војска ги предупреди жителите да не се враќаат во овие зони, нарекувајќи ги „опасни борбени подрачја“. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан