• четврток, 21 ноември 2024

Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета од Јемен

Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета од Јемен

Тел Авив, 27 септември 2024 (МИА) – Сирени за предупредување утрово се огласија низ Тел Авив додека воздушната одбрана пресретна ракета истрелана од Јемен, соопшти израелската војска.

Во објава на ИДФ на Х се вели дека милиони Израелци во централниот дел на земјата побарале засолниште по предупредувањето за ракета.

Нема информации за штети или жртви.

Експлозиите што се слушнале во раните утрински часови се должат на пресретнувањето на проектилот, соопшти војската.

По смртоносниот напад со дрон врз Тел Авив од страна на бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, претходно оваа година, израелските воздухопловни сили го нападнаа пристанишниот град Ходеида во јули, што доведе до огромен пожар и шест загинати. Лидерите на Хутите потоа најавија нова фаза во борбата против Израел.

Милитантите Хути, исто така, напаѓаат бродови во Црвеното Море, велејќи дека нападите се за поддршка на Хамас и да принудат прекин на израелските напади врз Појасот Газа. јт/

Остани поврзан