• петок, 05 декември 2025

Лидерот на Хамас изјави дека движењето се согласило со предлогот за прекин на огнот добиен од посредниците

Лидерот на Хамас изјави дека движењето се согласило со предлогот за прекин на огнот добиен од посредниците

Газа, 29 март 2025 (МИА) - Лидерот на Хамас, Калил ал Хаја денеска изјави дека палестинското движење се согласило со предлогот за прекин на огнот што го добиле пред два дена од Египет и Катар, клучни посредници во преговорите за прекин на огнот во Газа.

Претходно денеска израелските сили објавија дека ја прошируваат копнената операција во областа Рафа. Во меѓувреме, Хамас објави ново видео од израелски заложник во кое тој моли да биде ослободен. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан