Изминатата седмица санкционирани 94 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 9-ти до 15 септември со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 9-ти до 15 септември со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. сст/нд/
фото Општина Центар