Изложба „Ченто - биографија низ фотографија” на Рубинчо Белчески во Охрид
- Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид денеска ќе биде отворена изложбата „Ченто - биографија низ фотографија” на Рубинчо Белчески.

Охрид, 18 ноември 2022 (МИА) - Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид денеска ќе биде отворена изложбата „Ченто - биографија низ фотографија” на Рубинчо Белчески.
Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов - Ченто.
Преку фотографии е прикажан животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.
Авторот Белчески е историчар - кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп. сс/са/
