• вторник, 06 август 2024

Изложба „Ченто - биографија низ фотографија“

Изложба „Ченто - биографија низ фотографија“
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Во просториите на НУ Музеј Куманово денеска ќе биде поставена изложбата „Ченто - биографија низ фотографија“ од авторот Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Изложбата, која ќе биде отворена до 19 октомври, се организира по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Претседателот на Президиумот на Првото заседание на АСНОМ, борец, деец и поборник за самостојност на Македонија, Методија Андонов – Ченто, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Изложбата „Ченто - биографија низ фотографија“ вклучува 200 хронолошки подредени фотографии каде е застапен ликот на Ченто, членови на неговото семејство, негови соработници и има за цел да го следи неговиот бурен живот исполнет со голем број активности, но и фотографии кои „зборуваат” за „неговиот живот и после смртта“. Изложбата е овековечена и преку фотомонографијата со истоимен наслов збогатена со хронологија на настани и голем број активности на Ченто. Престојната изложба е во знак на празникот 11 Октомври- Денот на македонското востание. сст/са/  

Остани поврзан