• недела, 12 мај 2024

Изложба на слики „Мигновение“ на Костадин Танчев - Динка

Изложба на слики „Мигновение“ на Костадин Танчев - Динка

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) – Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 1, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики насловена „Мигновение“ од Костадин Танчев – Динка.

Костадин Танчев е роден во 1940 година во Валандово. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1961 година. 

Во периодот од 1978-1981 година активно учествувал во научните истражувања и реализацијата на новите форми на културна комуникација и творештво, што се изведувале во рамките на Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Од 1985 година е избран за наставник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во графичкиот оддел по предметите цртање и графика со графички техники. 

Авторот е учесник на многубројни самостојни и групни изложби од областа на ликовната уметност и дизајнот од домашен и меѓународен карактер и добитник на преку четириесет награди и признанија за своето творештво во ликовната уметност и дизајнот, вклучувајќи и високи општествени награди и признанија.

Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1971 година и во два мандати е избран за претседател на Друштвото.

Изложбата ќе биде отворена до 1 ноември 2023 година. ар/вг/

ФОТО/КИЦ

Остани поврзан