• петок, 05 декември 2025

Изложба на олдтајмери во Кавадарци

Изложба на олдтајмери во Кавадарци

Кавадарци, 7 септември 2025 (МИА) - Изложба на олдтајмери се реализира денеска во центарот на Кавадарци, во рамките на тридневната стопанско - туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, во организација на кавадаречката локална самоуправа.

Кирил Димитров Урошев, претставник на авто - мото клубот што ја реализира изложбата, појасни за МИА дека досега биле пријавени 67 автомобили од разни краеви на државата, а во текот на денот, бројката на изложени примероци, можела и да се зголеми.

- Сите учесници, љубители на автомобили, кои посветено и со многу љубов се грижат за нив, добиваат признание за зачувување на културното наследство, бидејќи овие автомобили се своевиден дел од културното наследство. Тие говорат за тоа, како се движеле културата и развојот на автомобилизмот, подвлече тој. свд/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан