• недела, 12 мај 2024

Излегуваат банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс

Излегуваат банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс

Лондон, 21 февруари 2024 (МИА) - Банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс Трети ќе бидат пуштени во оптек од 5 јуни оваа 2024 година, соопшти денеска Банката на Англија. 

Дизајнот беше претставен пред повеќе од една година. Слика од кралот ќе се појават на апоените од пет, 10, 20 и 50 фунти и тие ќе се користат заедно со постоечките хартиени платежни средства со ликот на кралицата Елизабета.

Новите пари, се наведува, постепено ќе ги заменат изветвените банкноти и треба да ја задоволат растечката побарувачка за нови британски хартиени пари. си/рп/

Фото: Банка на Англија

Остани поврзан