• вторник, 18 февруари 2025

Изгорени магацини за полиестер во село Неготино, повреден пожарникар

Изгорени магацини за полиестер во село Неготино, повреден пожарникар

Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ноќеска избил пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, Општина Врапчиште.  Пожарот е локализиран утрово во 5:30 часот. 

Во гасење на пожарот интервенирале девет гостиварски пожарникари со три противпожарни возила. На испомош биле испратени уште четворица пожарникари со едно противпожарно возило од тетовската противпожарна единица, кои интервенирале до 4 часот наутро.

Во текот на гасењето на пожарот, еден од пожарникарите паднал од скали и се повредил, по што бил пренесен на Ургентниот центар во Клиничката болница во Гостивар.

Според информациите на ЦУК, два од три објекти на магацинот се целосно изгорени, а третиот е делумно изгорен. цр/хс/

Фото: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан