Општина Илинден започна со изградба на сервисна улица „1“ во Јака
- Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во Јака. Проектот, кој деновиве официјално започна со градежни активности, претставува значаен чекор во подобрување на локалната патна мрежа, соопштија од Општината.
Скопје, 21 јуни 2025 (МИА) - Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во Јака. Проектот, кој деновиве официјално започна со градежни активности, претставува значаен чекор во подобрување на локалната патна мрежа, соопштија од Општината.

-Со изградба на коловоз во должина од 220 метри и широчина од 5 метри, како и тротоар со широчина од 1,5 метар од едната страна, се создаваат услови за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. Во рамки на проектот е опфатена изградба на систем за одведување на атмосферските води, се додава во соопштението.
Увид во градежните активности извршил градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, кој, како што наведуваат од Општината, истакнал дека изградбата на оваа улица е од особена важност за жителите од овој дел на општината, пришто Илинден останува доследна во својата мисија да гради, реконструира и модернизира, со јасна визија за создавање безбедни, современи и урбани услови за живот.

-Со секој нов проект, Општина Илинден ја зацврстува својата позиција како пример за модерна и функционална локална самоуправа, која не само што ги слуша потребите на граѓаните, туку и активно работи на нивна реализација, се додава во соопштението.ац/вј/
Фото: Општина Илинден