Приведена бегалка од затвор, вратена е во надлежната установа за доиздржување на казната
- Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија вчера во 21.10 часот во Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од истиот град.
Скопје, 21 јуни 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија вчера во 21.10 часот во Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од истиот град.
Како што соопшти МВР таа била барана по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.
Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, информира МВР. ац/вј/
Фото: МИА архива