• недела, 22 декември 2024

Извештај: Западот индиректно го финансира руското воено производство преку увоз од Турција

Извештај: Западот индиректно го финансира руското воено производство преку увоз од Турција

Брисел, 18 септември 2024 (МИА) - Западните сојузници купиле гориво произведено од руска нафта во вредност од околу две милијарди долари во првата половина на 2024 година, користејќи правни дупки во санкциите, што и овозможува на Русија да го финансира својот воен конфликт во Украина, покажува извештајот на „Политико“.

Анализата на Центарот за истражување на енергија и чист воздух и Центарот за проучување на демократијата открива дека испораките на горива, како бензин и дизел, од руска нафта значително се зголемиле благодарение на турските рафинерии.

Иако Европската Унија и западните сојузници ја забранија речиси целата руска нафта, горивата произведени во други земји, како Турција, сè уште можат да се увезуваат.

Во првата половина на 2024 година, западните земји купиле гориво произведено од руска нафта во три турски рафинерии, со што Турција остварила значителни профити. Сепак, овие заштеди не се пренесуваат на потрошувачите, туку само на компаниите и трговците, наведуваат експертите.

Според извештајот, фосилната индустрија останува клучен извор на приходи за Русија, овозможувајќи регрутација на дополнителни војници. Некои експерти повикуваат на целосна забрана на увозот на горива рафинирани од руска нафта, за да се намали финансирањето на руската воена машинерија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан