• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Избрани четворица нови судии во Основен суд Куманово

Избрани четворица нови судии во Основен суд Куманово

Куманово, 14 април 2025 (МИА) - Четворица нови судии се назначени во кумановскиот суд, соопштија денеска надлежните од Основен суд Куманово. Сега, бројот на судии изнесува 20. Тројца од новите судии се распределени во граѓански оддел и во работни односи, со оглед на големиот број предмети во двата оддели и еден во кривичниот оддел. Судот со години се соочуваше со недостиг на кадар.

- Последниве  години Основен суд Куманово се соочуваше со недостиг на кадар. Извесен период имавме само 14, па 15. Со новоизбраните се надеваме дека повторно ќе станеме успешен суд. Се надевам дека ќе имаме успешни резултати,  во прекршоците и работните односи каде има голем број предмети, изјави претседателот на Основниот суд Куманово, Снежана Манев.

Во работни односи има над 1.000 предмети, нешто повеќе од илјада има и во прекршоците.

- Во судот во минатото бевме 36 судии, меѓутоа поради законските измени дел од предметите преминаа надвор од судот кај извршители, нотари. Објективно, за навремено да се завршуваат предметите, сметаме дека се потребни 25 судии, изјави Манев.

Подобрување на состојбата се очекува откако од боледување и други оправдани причини ќе се вратат уште двајца судии во граѓанки оддел.

Во Основниот суд има недостаток и на судски референти и дактилографи. Во моментов има 20 вработени, но се на подолготрајно боледување. Некои од нив дале отказ, други заминале или најавиле пензионирање

- Во моментот судот работи со 15 активни дактилографки, што не е доволно за да се покријат судиите. Потребни се дополнителни седум за тековно работење. Испративме допис за вработување. Сè уште чекаме на одговор, изјави Марта Крашовиќ, администратор во судот. ам/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан