• среда, 17 декември 2025

Штипскиот градоначалник Јорданов на средба со членовите од Таеквондо клубот

Штипскиот градоначалник Јорданов на средба со членовите од Таеквондо клубот

Штип, 11 јуни 2025 (МИА) -Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денескаги прими младите членови на Таеквондо клубот од Штип, кој за само една година од своето постоење веќе постигнаа исклучителни резултати – освојувајќи вкупно 18 медали на првиот таеквондо турнир организиран во Штип. Тој  упати честитки до младите спортисти за нивната посветеност, труд и спортски дух, како и до докажаните тренери Сашко и Жарко Арсовски, кои покрај своето искуство и во каратето, сега бележат нови успеси и во оваа олимписка дисциплина.

-Таеквондото како олимписки спорт има суштинска улога во развојот на спортската култура во нашиот град. Тоа е дисциплина која ќе биде достоинствен промотор на Штип и Македонија на национално и меѓународно ниво, рече Јорданов.

Во рамки на приемот, беше најавено дека спортскиот центар „Џексон“ ќе биде ставен во функција до крајот на оваа година, со капацитет од 1.000 гледачи, а ќе биде наменет за сите спортски клубови и спортисти од Штип. Штипскиот градоначалник, Јорданов денеска најави и нова инвестиција – изградба на специјализирана спортска сала за боречки вештини, која се очекува да биде реализирана во текот на 2026 година. вдј/вг/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан