• петок, 05 декември 2025

Во Дебар реализирана првата фаза за третман против глодари и дезинсекција против комарци

Во Дебар реализирана првата фаза за третман против глодари и дезинсекција против комарци

Дебар, 11 јуни 2025 (МИА) - Во рамки на програмата на општина Дебар за заштита од разни заразни и паразитски заболувања, што ги пренесуваат глодарите, денеска се реализираше првата фаза на дератизација (третман против стаорци) во градот, информираа од општината.

Активностите, како што информираат, се со цел да се обезбеди почиста и побезбедна животна средина. 

-Третманот се вршеше со поставување стапици на капаците на 150 шахти во постојната канализациона мрежа за елиминирање на штетните глодари, посочуваат од општината.

Оценуваат дека на овој начин ќе се елиминира големиот ризик што го носат глодарите и ширењето на заразни и паразитски болести кај животните и луѓето, како и големата штета што ја нанесуваат на економијата.

Исто така, информираат дека синоќа од 20 часот до утринските часови успешно е реализирана и првата дезинсекција против комарци на територијата на општината.

Опфатени се зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата. вт/аа/

Фото: Општина Дебар 

Остани поврзан