• вторник, 07 јануари 2025

Изборна кампања во Хрватска: Приморац потроши четирипати повеќе од кампањата на Милановиќ

Изборна кампања во Хрватска: Приморац потроши четирипати повеќе од кампањата на Милановиќ

Загреб, 7 јануари 2025 (МИА) - Кандидатот за претседател на Хрватска Драган Приморац, поддржан од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), до сега потрошил 854.000 евра за предизборната кампања, додека актуелниот претседател Зоран Милановиќ потрошил 215.000 евра, според податоците на Државната изборна комисија.

Приморац собрал 387.526 евра од 637 донатори, додека Милановиќ собрал 15.362 евра од само 15 донатори.

Крајните финансиски извештаи ќе бидат објавени во февруари, по завршувањето на изборите. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан