• сабота, 11 мај 2024

ИЗБОРИ 2024: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на претседателските избори

ИЗБОРИ 2024: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на претседателските избори

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Медиумската информативна агенција - МИА, по повод претстојните претседателски избори ќе ги претстави програмите на кандидатите врз основа на кандидатските листи што ги утврди Државната изборна комисија.

За таа цел кандидатите кои ќе учествуваат на изборите, можат да достават сублимирана содржина на нивната изборна програма по електронска пошта на е-адресата на МИА mia@mia.mk. Текстот треба да содржи најмногу 6.000 карактери. миа

Остани поврзан