• сабота, 20 јули 2024

ИДФ: Израелски авиони ги гаѓаа оперативните центри на Хезболах во Либан

ИДФ: Израелски авиони ги гаѓаа оперативните центри на Хезболах во Либан

Ерусалим, 9 декември 2023 (МИА) - Израелски воени авиони погодија неколку цели на Хезболах во Либан во текот на ноќта, соопштија утрово Израелските одбранбени сили (ИДФ).

-Меѓу погодените цели биле и неколку оперативни центри на терористичката група поддржана од Иран, според Тајмс оф Израел.

Во текот на ноќта, ИДФ забележала неколку проектили истрелани од Либан кон Израел и одговориле со гранатирање. Израелските сили не соопштија за жртви. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан