• недела, 19 мај 2024

ИДФ елиминира еден од командантите на елитна единица на Хезболах

ИДФ елиминира еден од командантите на елитна единица на Хезболах

Тел Авив, 8 април 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека во воздушен напад во јужен Либан елиминирала еден од командантите на елитната единица Радван, 

Според ИДФ, Али Ахмед Хасин, кој имал чин на бригаден генерал, е обвинет за напади на северниот израелски дел од територијата, гребенот Рамим, област која од почетокот на војната со палестински Хамас е под постојани напади со ракети и беспилотни летала, соопшти „Тајмс оф Израел“. 

„Според улогата што ја имаше, тој беше одговорен за планирање и извршување на терористички акции против израелските сили во близина на гребенот Рамим“, соопшти ИДФ. 

Хасин беше нападнат во јужниот либански град Ас-Султанија, а ИДФ додаде дека во нападот биле убиени уште двајца оперативци на Хезболах под негова команда.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан