• недела, 22 декември 2024

ИДФ:  Околу 65 ракети истрелани од Либан кон Галилеја во последниот час

ИДФ:  Околу 65 ракети истрелани од Либан кон Галилеја во последниот час

Тел Авив, 4 септември 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека во изминатиот еден час биле истрелани околу 65 ракети од правец на Либан кон Галилеја, а одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Хезболах, тврдејќи дека мета биле израелските воени позиции. 

Во соопштението на ИДФ се додава дека некои ракети биле пресретнати, додека други погодиле отворен простор.

Неколку ракети го погодија северниот израелски град Кирјат Шмона, при што е оштетена најмалку една куќа, соопштија локалните власти.

Пожарникарите гаснат пожари во згради и на отворен простор во Кирјат Шмона, пишува „Тајмс оф Израел“.

Полицијата соопшти дека во ракетирањата немало повредени.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан