• четврток, 22 февруари 2024

Ивановски повторно со личен најдобар ранг на АТП-листата

Ивановски повторно со личен најдобар ранг на АТП-листата

Лондон, 27 ноември 2023 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски и третпат во својата кариера се наоѓа на 305. место на АТП листата што воедно е и негов најдобар ранг во кариерата.

Тој ваквиот напредок и скок од 18 места го направи со победите во квалификациите и настапот на главниот турнир на Челинџерот во Јокохама и на денешеното рангирање има 10 поени повеќе (од претходното рангирање) или вкупно 174.

Од другите македонски тенисери, Горазд Србљак, кој изминатиов период имаше настапи на фјучрси во Грција забележа пад за седум места и се наоѓа на 1047.то место со 10 поени (без промена), додека Обрад Марковски е 1463-ти со три поени и скок од две места.

Лидер е Новак Ѓоковиќ од Србија пред Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев. зс/

Остани поврзан